Quantcast
Channel: игра ⋆ IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 126

Соберете ги сите политичари, хрватската PolitkoN1 GO е интересна копија на Pokemon

$
0
0

Парламентарните избори во Хрватска ја мотивираа хрватската телевизија N1, да издаде сопствена Android видеоигра. Играчите на PolitikoN1 GO наместо покемони, треба да ги соберат сите хрватски политичари.

„Мотивирани од еуфоријата за лов на покемони, сфативме дека истата идеја можа да се искористи и за забава на локално ниво, но и за едукација за изборите, заради ова во соработка со нашите партнери ја приготвивме апликацијата во која ќе можете – да ловите политичари“, велат од N1 телевизијата.

Целта на игратa е чиста забава. Иако апликацијата им овозможува на граѓаните да бидат поинформирани пред да го направат својот избор. Во играта се сместени основните податоци за секој од политичарите, неговата функција, функција во партијата и негови должности, пишува Netokracija. Во Хрватска засега се кријат 50 политичари, а играчите кои ќе уловат 40 ќе станат премиери.

Апликацијата е достапна на Google Play, а креаторите објавија дека нема да има верзија за другите оперативни системи.

PolitikoN1

The post Соберете ги сите политичари, хрватската PolitkoN1 GO е интересна копија на Pokemon appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 126