
Skyrim Special Edition ќе биде спремна за вас на 28 октомври. Прашањето е, меѓутоа, дали сте вие спремни за неа?
Ремастер верзијата на мега-хитот од 2011-та година бара значително помоќно чудовиште, особено доколку сакате да уживате во максималните потенцијали на графичка надградба.
Чисто за споредба, ова е минималната побарувачка за оригиналната Skyrim од 2011:
- Dual Core 2.0GHz
- 2GB RAM
- 6GB простор
- Direct X 9 графичка карта со 512 MB RAM
Ова е минималната побарувачка за специјалната едиција:
- Intel i5-750/AMD Phenom II X4-945
- 8GB RAM
- 12 GB простор
- NVIDIA GTX 470 1GB / AMD HD 7870 2GB
Како што можете да забележите, потребата за RAM-от е зголемена за четири пати, хард диск просторот за два пати, а слична е ситуацијата со графичката карта каде специфично се именува најнискиот можен графички процесор. Каква е ситуацијата со препорачаната конфигурација.
Забележителен е огромниот скок од тогашната и сегашната побарувачка, но, според денешните стандарди, барањето се чини, сосема прифатливо.
Skyrim Special Edition излегува за PS4, Xbox One и PC. За сопствениците на PC верзијата и трите последователни проширувања, едицијата е бесплатна надградба. Со оваа едиција се воведува поддршка за модови за конзолите, сите ефекти се надградени во подобри графички алтернативи, воведен е ефектот Volumetric lightning, односно God Rays, динамична длабочина на видикот, но и нови шејдери за снег и вода. Skyrim Special Edition ќе се одликува и со природна 4К поддршка!
The post Skyrim Special Edition има значително повисока хардверска побарувачка appeared first on IT.mk.