
Оние кои користеа најразлични модови и злоупотребуваа неправилности за нелегитимно да печалат пари ги дочека непријатно изненадување кога повторно се логираа преку нивниот акаунт.
„Доколку добивте порака во која пишува дека вашите средства биле прилагодени“, објаснуваат од Rockstar, „тоа е затоа што сте имале нелегитимни средства на вашата сметка“.
Ваквото „прилагодување“ доаѓа за да работите бидат подеднакво фер за сите играчи.
Како што можете да забележите од горната порака, од Rockstar нема да преземат никакви други мерки, но доколку активностите се повторат, компанијата го задржува правото да ви го ресетира акаунтот како и да ви го забрани пристапот до онлајн делот од играта.
The post Rockstar ги празни сметките на измамниците во GTA Online appeared first on IT.mk.