
Со третата епизода, насловена New World Order, бруталниот напад на Пингвин ќе ги потресе жителите на Готам. Играјќи како Брус или Бетмен имате за цел да копате уште подлабоко во интригантната мрежа на новооткриените деца на Аркам, но и да најдете време за милозвучниот шепот на мистериозната Селина Кајл. И додека градот стои на стаклени нозе, Харви Дент станува новиот градоначалник, а иднината на сите е на едната или другата страна од паричката.
Batman – The Telltale Series имаше тежок почеток и повеќето негативни рецензии се однесуваа на техничките недостатоци. Моментно, играта се наоѓа во задоволително-игрива состојба, а досегашните епизоди мајсторски ја истражуваат психолошката поделеност на Брус Вејн. Во случај да сакате да проверите и самите, првата епизода е бесплатна за играње сè до 7 ноември. Колекцијата од сите епизоди се продава со скромен попуст од 15 проценти и за неполни дваесет евра го добивате целото искуство.
The post Излезе третата епизода за Batman – The Telltale Series, првата е бесплатна appeared first on IT.mk.